Меѓународната поморска организација повика на хуманитарен коридор во Ормуската Теснина
- Меѓународна поморска организација (IMO) усвои декларација со која повикува на воспоставување безбеден морски коридор за евакуација на трговски бродови блокирани во Персискиот Залив, откако Иран ја затвори Ормуската Теснина.
Лондон, 19 март 2026 (МИА) - Меѓународна поморска организација (IMO) усвои декларација со која повикува на воспоставување безбеден морски коридор за евакуација на трговски бродови блокирани во Персискиот Залив, откако Иран ја затвори Ормуската Теснина.
Генералниот секретар на организацијата, Арсенио Домингес, истакна дека мерката е клучна за безбедноста на поморскиот сообраќај и има за цел да спречи хуманитарна и економска криза.
- Одлуката за воспоставување хуманитарен коридор за евакуација на бродови е од особено значење - изјави Домингес на крајот од дводневната вонредна средба на агенцијата на ОН во Лондон. ссм/
фото: ДПА