• сабота, 23 ноември 2024

Меѓународната научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“ на штипскиот Правен факултет

Меѓународната научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“ на штипскиот Правен факултет

Штип, 28 септември 2023 (МИА) - Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ ја одржува јубилејната 10. Меѓународна научна конференција, на којашто присуствуваат и своите научни трудови ги презентираат професори од земјава и од странство.

Универзитетскиот професор, Милица Шутиновска која е член на Организациониот одбор на научната конференција вели дека интересот за учество се зголемува секоја година, а оваа година имаат вкупно пет секции. На научната конференција универзитетските професори ги пренесуваат и искуствата за давање на бесплатна правна помош. Шутиновска истакна дека Правната клиника на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип е регистрирана во 2019 година и според извештаите успешно функционира.

-Да напоменам дека ние како примарни даватели на правна помош имаме право да дадеме иницијален совет, мислење доколку имаат потреба од застапување на адвокат во тој случај врз основа на регистрите од Министерството за правда ги подготвуваме документите и ги испраќаме странките кај адвокатите. Од друга страна студентите се она што го слушаат теоретски како дел од Правната клиника да следат клиничка настава и да работат на предметите, вели Шутиновска.

Универзитетскиот професор, Алан Узелац од Правниот факултет во Загреб, Република Хрватска вели дека нивната Правна клиника работи веќе 12 години и досега имале над 20.000 предмети, а на граѓаните им даваат правна помош. Посочува дека станува збор за правни мислења, информации и нивната клиника е меѓу првите пет во Хрватска.

Универзитетската професорка од Франција, Кристин Ле Паб истакна дека нејзината земја има долга традиција на заштита на граѓаните и на мигрантите и се надева дека таа традиција ќе продолжат да ја одржуваат. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан