• среда, 25 декември 2024

Меѓународната агенција за енергетика предупреди дека глобалното производство на нафта ќе ја надмине побарувачката до 2030 година

Меѓународната агенција за енергетика предупреди дека глобалното производство на нафта ќе ја надмине побарувачката до 2030 година

Париз, 12 јуни 2024 (МИА) - До 2030 година, зголемувањето на глобалното производство на нафта ќе го надмине растот на побарувачката за овој енергетски производ и ќе создаде вишок капацитет што последен пат беше забележан во екот на пандемијата на коронавирусот, се вели во среднорочниот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објавен денеска.

Организацијата со седиште во Париз предвидува дека растот на побарувачката на нафта постепено ќе се забави до 2030 година, кога ќе изнесува околу 106 милиони барели дневно, додека вкупниот капацитет за производство на нафта ќе се зголеми на речиси 114 милиони барели дневно во истиот период.

Резултатот ќе биде вишок на капацитет од осум милиони барели дневно што може да ги наруши нафтените пазари и функционирањето на картелот ОПЕК плус. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан