• вторник, 27 август 2024

Меѓународен натпревар за есеи за млади за 2023 година

Меѓународен натпревар за есеи за млади за 2023 година

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Министерството за образование и наука информира за можноста  младите од Северна Македонија да учествуваат на меѓународен натпревар за есеи.

-Фондацијата „The Goi Peace“  ги поканува младите од нашата земја да учествуваат на Меѓународниот натпревар за есеи за млади 2023 година..Секоја година оваа фондација прима повеќе од 20 000 трудови од млади луѓе од околу 150 земји од светот, објави МОН. 

Тема на натпреварот годинава е „Младите создаваат мирна иднина”. Трудовите треба да се пратат  најдоцна до  15 јуни 2023.

Повеќе информации за натпреварот за есеи се достапни на веб-страницата: www.goipeace.or.jp хс/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан