• среда, 25 декември 2024

Меѓународен месец за подигнување на свеста за одговорно сопствеништво

Меѓународен месец за подигнување на свеста за одговорно сопствеништво
Скопје, 9 септември 2021 (МИА) – ЈП „Лајка“ го одбележува септември како месец посветен на подигнување на свеста за одговорно сопствеништво кон кучињата. Од претпријатието порачуваат дека куче не е само привилегија, туку и одговорност. -Затоа советуваме да се извршуваат редовни прегледи кај ветеринар на вашиот домашен миленик, редовна вакцинација против заразни болести и беснило, редовно прочистување против внатрешни и надворешни паразити, хранење со соодветна храна и редовно напојување со свежа вода, микрочипирање на вашето куче и внесување на вашите податоци во системот на миленици, зголемена заштита при ниски или високи температури, физички активности, социјализација хигиена како и редовна стерилизација, стои во соопштението. „Лајка“ е јавно претпријатие основано од Град Скопје кое извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња. свс/сст/

Остани поврзан