• недела, 28 јули 2024

Мечот Ѓоковиќ – Хуркач ќе продолжи денес

Мечот Ѓоковиќ – Хуркач ќе продолжи денес

Лондон, 10 јули 2023 (МИА) - Натпреварот од четвртото коло на Вимблдон меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Полјакот Хуберт Хуркач ќе се доигра денес.

 

Мечот синоќа беше прекинат поради паѓање мрак по вториот сет. При прекинот Ѓоковиќ има водство со 2:0, по сетови 7:6 (8:6) и 7:6 (8:6).

 

Времето кога ќе продолжи средбата ќе биде објавено подоцна во текот на денот.

 

Победникот од овој меч во четвртфиналето ќе се соочи со Русинот Андреј Рубљев. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан