Мецола: Ладните глави засега надвладеа во трансатлантските односи
- Можеме со сигурност да кажеме дека не отстапивме за ништо во врска со Данска, суверенитетот на Гренланд и територијалниот интегритет. Целосно стоиме зад нив и нивната независност. Тие не се на продажба. И мислам дека таа порака беше многу јасна оваа недела и среќни сме што гледаме дека деескалацијата засега е на маса, рече Мецола.
Брисел, 22 јануари 2026 (МИА) – По зголемените тензии во трансатлантските односи што ги видовме оваа недела, сега можеме да кажеме дека засега надвладеа ладните глави, изјави вечерва претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола при пристигнувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Брисел.
- Можеме со сигурност да кажеме дека не отстапивме за ништо во врска со Данска, суверенитетот на Гренланд и територијалниот интегритет. Целосно стоиме зад нив и нивната независност. Тие не се на продажба. И мислам дека таа порака беше многу јасна оваа недела и среќни сме што гледаме дека деескалацијата засега е на маса, рече Мецола.
Таа додаде сега може да продолжат дискусиите во рамките на Унијата за трговскиот договор со САД, кои беа запрени поради заканата од Вашингтон од нови царини и најави контакти со американскиот Конгрес за постигнување напредок во дијалогот и изградба на мостови за соработка.
- Ако нешто научивме оваа година и оваа недела е дека мора да бидеме автономни и силни. Но, во исто време ни треба стабилност и ни треба фер партнерство со САД, што е во интерес на сите, рече Мецола. сп/ссм/
Фото: Принскрин