• среда, 25 декември 2024

Мециновиќ: Претседателката на државата направи потег кој оди против македонските интереси

Мециновиќ: Претседателката на државата направи потег кој оди против македонските интереси

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Политичката партија „Левица“ смета дека со тоа што претседателката на државата се сликала без македонското знаме на средбата со бугарскиот претседател направила потег со којшто оди против македонските интереси. 

- Сметаме дека намерно е изоставено македонското знаме затоа што тоа е порака која бугарскиот државен врв ни ја праќа и едноставно гледаме дека македонската претседателка и Кабинетот на претседателката уште не можат да се освестат и да сфатат дека треба да ги штитат македонските интереси, изјави пратеникот на Левица Амар Муциновиќ на прес-конференција во Собранието. 

Мециновиќ најави дека како политичка партија ќе достават измени на Законот за домување по скратена постапка со кои предлагаат воведување на максимална граница за изнајмување на станови на три отсто од вредноста на станот. Ова, како што изјави, го предлагаат бидејќи во консултација со претставници на студентите заклучиле дека состојбата со леглата во студентските домови е алармантна и дека за разлика од 2020 година кога имало 4000 легла, сега има 2000 легла. 

- Со измените во Законот за домување предлагаме воведување на максимална граница на изнајмување на станови на месечно ниво. Законодавецот во овој момент вешто има предвидено минимална граница за изнајување на станови која изнесува една дванаесетина од два посто од станот. „Левица“ предвидува воведување на максимална граница и тоа од три отсто од вредноста на станот, рече Мециновиќ, додавајќи дека едно од причините зошто го бараат ова е и тоа што студентите оваа академска година се изложени на нови повисоки давачки за студирање. бак/лв/

Фото: Принтскрин

 

 

 

Остани поврзан