• недела, 06 октомври 2024

Мециновиќ: Кина заинтересирана за зголемување на увозот на македонско сортно вино

Мециновиќ: Кина заинтересирана за зголемување на увозот на македонско сортно вино

Скопје, 7 август 2024 

Мециновиќ, пратеник од Левица, кој деновиве е во посета на Кина по покана на кинеското МНР, вчера оствари состанок во Џангџоу со Владата на Хенан (провинцијата која брои речиси 100 милиони жители и буџет од над 3 трилиони долари).

Мециновиќ информира дека постои интерес во Хенан за увоз на македонско сортно вино и пласирање на истото на нивниот пазар.

Од провинцијата Хенан потекнува кинеската цивилизација. Денес, провинцијата ја храни Кина како земјоделски, така и индустриски.

Оттука потекнуваат скопските Јутонг автобуси, но и останати големи фабрички капацитети за производство, како оние за BYD автомобили.


ПП Левица 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: Левица 


 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан