• недела, 24 ноември 2024

Мехмедовиќ: Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни, предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава

Мехмедовиќ: Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни, предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни, предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава,  изјави попладнево Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, по нејзиното заседавање.

Тој повтори оти вакциналните пунктови во Скопје, каде што има епидемија, работат во две смени, вакцинацијата се одвива добро и продолжува со исто темпо.

Меѓу новите препораки се да се засили инспекцискиот надзор на ДСЗИ за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис низ целата држава од центрите за јавно здравје, досега немаше таква можност, дигиталната евиденција за вакцинација на децата, во вакц пунктовите да биде задолжителна за подобар преглед.

- На денешната седница разговаравме исклучиво за пертусис. Најмногу заболени има во Скопје, подвлече Мехмедовиќ. бд/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан