• среда, 13 ноември 2024

Метју Пери проговори за зависностите што го довеле до раб на смртта

Метју Пери проговори за зависностите што го довеле до раб на смртта

Лос Анџелес, 20 октомври 2022 (МИА) - Ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери проговори за неговата зависност од дрога и алкохол, што за малку ќе го чинело живот. Во ново интервју за списанието „Пипл“ (People), сега веќе трезниот глумец подробно раскажа како кога имал 49 години, доживеал кинење на дебелото црево поради употреба на опојни средства.

- Лекарите му рекоа на моето семејство дека имам 2 отсто шанси да преживеам. Ме ставија на машина што прави целосна вентилација на срцето и белите дробови. Потоа две недели бев во кома, по што следеше повеќемесечно болничко лекување, вели Пери. Глумецот, можеби попознат по ликот Чендлер Бинг, имал вкупно 14 операции, девет месеци користел ќеса за колостома и 15 пати бил на рехабилитација поради зависностите. Вели и дека решил да почека целосно да закрепне пред да ја раскаже својата приказна, надевајќи се дека ова ќе им помогне на многу луѓе. - За време на периодите на зависност, моите колеги од „Пријатели“ беа разбирливи и трпеливи. Не се отрезнив затоа што сакав. Се отрезнив затоа што бев загрижен дека следниот ден ќе умрам. Не е случајно што Чендлер е човек кој се обидува да ги задржи сопствените човечки емотивни чувства со смеа. Тоа го правев со години!, вели Метју. [caption id="attachment_1498453" align="aligncenter" width="704"] Дејвид Швимер и Метју Пери[/caption] Во 2021 година, екипата од „Пријатели“ го имаше повторниот ТВ-собир, прв по 17 години. Гледачите притоа изразија загриженост поради исцрпениот изглед на Метју, а некои коментираа дека глумецот пелтечи и ги губи зборовите. Бен Винстон, режисерот на специјалната епизода, сметаше дека „луѓето понекогаш се премногу нељубезни“ и нагласи дека Пери бил одличен. Пери првпат пробал алкохол кога имал 13 години. Почнал да зема опојни средства во 1997 година, кога му биле препишани лекови за ублажување на болката по несреќа со авион. Истата година влегол и во клиника за рехабилитација. На 24-годишна возраст, неговата зависност од алкохол почна да излегува на површина и тоа траеше 10 години.  си/

Остани поврзан