• недела, 24 ноември 2024

Мета побара позајакнати мерки за да се спречи појавата на коронавирусот во Албанија

Мета побара позајакнати мерки за да се спречи појавата на коронавирусот во Албанија
Тирана, 8 март 2020 (МИА) - Албанскиот претседател Илир Мета упати побара од надлежните во земјата да преземат итни мерки за да се спречи евентуална појава на новиот коронавирус. Откако наведува дека ситуацијата е многу потешка низ целиот свет, посебно со состојбата со коронавирусот во Италија, Грција и појавата на болеста во соседните земји, Мета оценува дека под итно е потребно максимално зајакнување на санитарно - епидемиолошките превентивни мерки. - Потребно е целосно финансирање, далеку поголемо од сегашното. Да биде ставено на располагање за да справување со ситуацијата и да се обезбеди целосна и ефикасна заштита на целиот медицински персонал, мобилизиран за справување со ситуацијата, нпиша Мета на Фејсбук. Исто така, Мета бара да бидат ангажирани сите човечки научни квалитети, но и на оние со искуство од областа на епидемиологијата и хигиената, дури и оние кои се надвор од активна услуга. Мета апел за зајакнување на мерките за заштита од коронавирусот упати и на 31 мај,веднаш по појавата на вирусот во Италија. Засега, според Министерството за здравство и социјална заштита во Албанија нема заразен од овој вирус. Тестирани се 59 лица, но сите биле со негативен резултат. вт/

Остани поврзан