• недела, 24 ноември 2024

Мета: Моите мисли и молитви се со Тетово

Мета: Моите мисли и молитви се со Тетово
Тирана, 8 септември 2021( МИА) - Со длабока загриженост и тага ја следам трагедијата што се случи во тетовската болница. Исклучително сериозен и вознемирувачки настан, особено за бројот на пријавени жртви, напиша албанскиот претседател Илир Мета на социјалните мрежи. Тој изрази искрено и најдлабоко сочувство за загубените животи и, како што напиша, ја  споделува големата болка со нивните семејства. -Посакувам што побрзо заздравување на повредените. Изразувам целосна солидарност со државните органи на Северна Македонија, кои вложуваат максимални напори да спасат што е можно повеќе животи и да ја стават ситуацијата под контрола. Моите мисли и молитви се со Тетово, напиша Мета. Трагедијата што вечерва се случи во Тетово е ударна вест во албанските медиуми, кои пренесуваат главно информации од македонските медиуми. вт/бт/      

Остани поврзан