• четврток, 26 декември 2024

Меси пропушти тренинг на Барселона

Меси пропушти тренинг на Барселона
Барселона, 3 јуни 2020 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси не учествуваше на тренинзите на тимот, но тоа не е поврзано со повреда, објави „Ел Мундо Депортиво“. Аргентинскиот фудбалер тренираше индивидуално, но тоа нема да го спречи да ги продолжи подготовките по продолжувањето на шпанскиот шампионат. Во групата на Каталонците денес беа вратени Самуел Умтити и Ансу Фати. Младите играчи Ињаки Пења, Араујо, Рики Пуч, Алекс Кољадо, Чуми, Хорхе Куенка и Кике Саверио исто така тренираа со првиот тим. Меси (32) е дете на Барселона. Оваа сезона тој учествуваше на 22 натпревари од шпанскиот шампионат, во кои постигна 19 голови и асистираше за 12.

Тагови

Остани поврзан