• недела, 28 јули 2024

Меси прв асистент во најдобрите пет лиги во Европа

Меси прв асистент во најдобрите пет лиги во Европа
Виго, 27 јуни 2020 (МИА) – Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси забележа две асистенции во натпреварот од 32. коло на Ла Лига со Селта Виго (2:2). И во двата случаи Аргентинецот му асистираше на Луис Суарез - во 20. и 67. минута. Меси со овие две асистенции има вкупно 11. Аргентинецот води во оваа статистичка категорија меѓу играчите во најдобрите пет лиги во Европа. На второ место е Томас Мулер од Баерн (10 асистенции), а по нив следуваат Анхел Ди Марија од ПСЖ, Џејдон Санчо од Борусија и Винченцо Грифо од Фрајбург, сите со по седум асистенции. зс/

Остани поврзан