• недела, 24 ноември 2024

Меси најдобар фудбалер од Јужна Америка во измината декада

Меси најдобар фудбалер од Јужна Америка во измината декада
Лајпциг, 3 февруари 2021 (МИА) - Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (IFFHS) го прогласи Лионел Меси за играч на деценијата од Јужна Америка. Во рангирањето беа вклучени најдобрите фудбалери од земјите КОНМЕБОЛ за периодот  2011 - 2020 година. Напаѓач на Барселона и аргентинската репрезентација Лионел Меси освои најмногу гласови. Второто место го зазеде напаѓачот на Пари Сен-Жермен и бразилската репрезентација Нејмар. Трет е поранешниот дефанзивецот на Барселона и бразилската репрезентација Дани Алвеш, кој сега игра за Сао Паоло. зс/

Остани поврзан