• среда, 25 декември 2024

Меси доби понуда да го продолжи договорот со ПСЖ

Меси доби понуда да го продолжи договорот со ПСЖ

Париз, 21 март 2023 (МИА) – Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, добил понуда да го продолжи договорот, но аргентинскиот фудбалер ќе почека да види како ќе изгледа тимот за следната сезона пред да ја донесе својата конечна одлука, објави денеска новинарот Фабрицио Романо, кој важи за добар познавач на фудбалскиот трансфер пазар.

Меси му се приклучи на ПСЖ во 2021 година и има договор со клубот од Париз до 30 јуни.

Според италијанскиот новинар, Меси сака пред да донесе одлука да знае некои детали за тоа како ќе изгледа составот на тимот за идната сезона.

„Го интересира кој ќе ја води екипата и како таа ќе изгледа пред да го продолжи договорот или да одлучи да замине од ПСЖ по завршување на сезоната. Тоа што јас го знам е дека ПСЖ веќе му дал понуда на Меси, а тој чека да донесе одлука врз основа на проектот, тренерот и некои клучни детали. Сè е во рацете на Меси и неговиот татко Хорхе“, објави новинарот Романо. ег/

ФОТО: Твитер

Остани поврзан