• сабота, 23 ноември 2024

Месечината се оддалечува од нас

Месечината се оддалечува од нас
Хјустон, 17 август 2020 (МИА) - Месечината секоја година се оддалечува за околу 2,5 сантиметри од нашата планета, така што за неколку стотици милиони години, веќе нема да има Сончево помрачување, истакнуваат научници од НАСА. Мерењата се вршени со ласери и панели наречени ретрофлектори, поставени од американски и руски мисии последниве неколку десетлетија. Сознанијата се објавени во списанието „Земјата, планетите и Вселената“ (Earth, Planets and Space). Концептот на мерењето се состои во тоа колку долго ласерот испратен од Земјата патува до Месечината, се одбива од ретрофлекторот. Ерван Мазарико од НАСА, е одговорен за проектот, кој од 2017 година се спроведува во градот Грас, јужна Франција, и тој тврди дека, иако не секогаш, тоа успева. Од друга страна пак, Том Марфи, физичар од Универзитетот на Калифорнија, кој не е вклучен во проектот, вели дека времето, староста, како и надворешните влијанија ги оштетуваат панелите и тоа, многу веројатно, влијае на ефективноста на мерењата. - Објаснувањето со правливите рефлектори е многу повеќе за прифаќање, отколку за отфрлање, имајќи ги предвид резултативе, истакна тој. Сепак, тој и некои негови колеги се сложуваат дека сознанијава се значајни за градење на целосната слика. Мазарико пак, смета оти нема доволно докази дека преголемиот слој месечева прашина што се лепи за ретрофлекторите е „категоричниот виновник“ за бавноста на процесот.  си/

Остани поврзан