• вторник, 12 ноември 2024

Мерц за АРД уште еднаш ја отфрли можноста за соработка на ЦДУ со екстремно десничарската АфД

Мерц за АРД уште еднаш ја отфрли можноста за соработка на ЦДУ со екстремно десничарската АфД

Берлин, 27 август 2023 (МИА) - Лидерот на германската опозиција, Фридрих Мерц, денеска ја отфрли можноста за каква било соработка на неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ) со екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД).

Мерц за германската телевизија АРД изјави дека неговата ЦДУ има мнозинство и без АфД.

По бурните реакции во јули во редовите на неговата ЦДУ кога Мерц првично кажа дека е можна соработак со АфД на локално ниво, тој експресно го смени ставот, потсетуваат британските меидуми.

Националистичката, антиимигрантска AfD е основана пред една деценија а неодамна таа ја достигна новата рекордна поддршка од 22 отсто во анкетите на јавното мислење, со што стана втора политичка сила во Германија.

АфД моментално води на анкетите во Бранденбург, Саксонија и Тирингија, а во сите три германски покраини избори ќе се одржат следната година.

Мерц повика на пресврт во миграциската политика, предлагајќи промена на политиката за азил и крај на отворените граници, барем привремено. сд/

Остани поврзан