Мерц вели дека сака да се сретне со Трамп во Давос, „да се избегне ескалација“
- Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека ќе се обиде да се сретне со Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос в среда и ќе се обиде да ги деескалира трговските тензии предизвикани од најавите на американскиот претседател за Гренланд.
Давос, 19 јануари 2026 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека ќе се обиде да се сретне со Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос в среда и ќе се обиде да ги деескалира трговските тензии предизвикани од најавите на американскиот претседател за Гренланд.
Мерц денеска рече дека Германија и другите европски земји се согласиле „дека сакаме да избегнеме каква било ескалација во тој спор, доколку е воопшто можно“.
„Едноставно сакаме да се обидеме да го решиме овој проблем заедно, а американската влада знае дека би можеле да возвратиме. Не сакам, но доколку е потребно, секако ќе ги заштитиме нашите европски интереси, како и нашите германски национални интереси“. зш/
фото ЕПА