• недела, 01 септември 2024

Мертенс го повтори рекордот на Наполи за голови во Серија А

Мертенс го повтори рекордот на Наполи за голови во Серија А
Неапол, 23 април 2021 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс синоќа постигна гол на натпреварот од 32. коло во италијанскиот шампионат против Лацио (5:2). Триесет и тригодишниот Белгиец го повтори клупскиот рекорд за погодоци во Серија А, постигнувајќи 102 гола. Овој успех напаѓачот и го посвети на својата баба, која почина минатата недела. Исто така, Мертенс е најефикасен фудбалер на Наполи со 135 гола постигнати на сите натпреварувања. Во тековната сезона, Мертенс одигра 32 натпревари, на кои постигна 10 гола и направи девет асистенции. зс/

Остани поврзан