• недела, 24 ноември 2024

Мерната станица во Струмица повторно ќе го мери загадувањето на воздухот до крајот на годината

Мерната станица во Струмица повторно ќе го мери загадувањето на воздухот до крајот на годината
Струмица, 11 ноември 2020 (МИА) - Станицата за мерење на загаденоста на воздухот во Струмица, поставена во кругот на болницата, повторно ќе биде ставена во функција до крајот на годината, информираат од Општина Струмица, откако Еколошкото здружение „Здрава котлина“ побара вчера итно да биде ставена во функција. Според Томислав Андреев, раководител на Одделението за заштита на животната средина, до 20-ти наредниот месец треба да биде набавен делот кој ги регистрира параметрите за загаденоста на воздухот во овој дел на градот. - Набавката се врши според законските процедури и по завршувањето на процедурите за набавка ќе биде отстранет дефектот. Набавката од страна Министерството за животна средина и просторно планирање не се врши само за мерната станица во Струмица, туку и за други во државата, рече Андреев. Покрај оваа мерна станица, не работи и таа што е поставена во центарот на градот од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, која се сервисира. Граѓаните за квалитетот на амбиенталниот воздух засега може да се информират од останатите четири мерни станици, кои се поставени на исто толку локации во градот и резултaтите може да се следат преку интернет платформата „PULSE.ECO“.рт/фф/

Остани поврзан