Меркур ѝ се приклучува на „парадата на планетите“
- Вечер седум планети во линија ќе бидат видливи на нашето ноќно небо. На оваа низа од небесни тела, денеска ќе ѝ се придружи и Меркур.

Белград, 28 февруари 2025 (МИА) - Во рамки на „парадата на планетите“, вечер седум планети во линија ќе бидат видливи на нашето ноќно небо. На оваа низа од порамнети небесни тела, денеска ќе ѝ се придружи и Меркур, објави српскиот портал „Н-1“.
Од јануари на небото, во еден ред, со голо око може да се видат Венера, Марс, Јупитер и Сатурн, а со помош на телескоп и Уран и Нептун коишто од Земјата изгледаат како да се наредени во низа. Не е невообичаено ретко - неколку планети да се наоѓаат на иста страна од Сонцето во истовреме, но поретка појава е „големото порамнување“ - на повеќето или пак, на сите планети. Следниот сличен феномен ќе се случи во 2040 година.
Секоја линија од три до осум планети претставува порамнување, а низа од пет или шест планети во речиси совршен ред, се нарекува - големо порамнување.
Порамнување со четири или пет планети, видливи со голо око, се случува на неколку години. Тоа ќе се случи и кон крајот на август - четири планети во ред ќе бидат видливи пред изгрејсонце. Порамнувањата со шест или седум планети, се чини, се најретки. си/
Фото: Фрипик