• сабота, 23 ноември 2024

Мерките за хронично болните лица и родители со деца до 10 години, остануваат во сила и по престанување на вонредната состојба

Мерките за хронично болните лица и родители со деца до 10 години, остануваат во сила и по престанување на вонредната состојба
Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) - По престанувањето на вонредната состојба, остануваат во сила мерките со кои се ослободуваат од работните обврски родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, хронично болните лица и бремените жени, одлучи вечерва Владата на Република Северна Македонија. Исто така, во сила остануваат мерките за самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома, како и сите мерки и протоколи опфатени во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот КОВИД-19, се вели во одлуката на Владата. оџ/вј/  

Остани поврзан