• четврток, 26 декември 2024

Меркел: Нема оправдување за ова очигледно кршење на меѓународното право

Меркел: Нема оправдување за ова очигледно кршење на меѓународното право
Берлин, 25 февруари 2022 (МИА) - Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, ја осуди руската инвазија врз Украина и изрази солидарност со земјата, јави ДПА. - Оваа агресивна војна на Русија означува длабока пресвртница во историјата на Европа, по завршувањето на Студената војна, рече Меркел во изјава за агенцијата. Таа смета дека нема никакво оправдување за „ова очигледно кршење на меѓународното право“ и најостро ја осудува ваквата постапка. - Мислите и солидарноста ми се заедно со украинскиот народ и со Владата предводена од претседателот Зеленски, во овие страшни часови и денови, додаде Меркел. Таа „целосно им даде поддршка“ на напорите на ЕУ, НАТО, ОН и на Г7, насочени кон брзо запирање на војната. Германската канцеларка во 2014 година, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим, ја истакна важноста од одржување отворена комуникација со Москва. Но, таа нагласи дека сега е поинаку, бидејќи последниот напад бил насочен кон цела Украина. бд/паг/

Остани поврзан