• четврток, 26 декември 2024

Меркел го поздрави формирањето нова советничка група на СЗО

Меркел го поздрави формирањето нова советничка група на СЗО
Берлин, 15 ноември 2021 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека светот треба подобро да се подготви за да го испита потеклото на болеста и го поздрави формирањето нова советодавна група на Светската здравствена организација (СЗО) за опасните патогени. „Треба да бидеме подобро опремени кога станува збор за откривање од каде потекнуваат болестите и епидемиите“, рече таа на самитот организиран од СЗО за пандемијата на Ковид-19.
Таа, исто така, изрази поддршка за поодговорно финансирање на СЗО и рече дека го поддржува создавањето на меѓународен договор за пандемијата. СЗО на 13 октомври формираше нова експертска група за испитување опасни патогени, што, како што оцени, е последна шанса да се утврди потеклото на коронавирусот.
Меѓу членовите на групата се Марион Копманс, Теа Фишер и Јанг Јунгуи, кинески експерт кој учествувал во заедничката истрага во Вухан. Претставничката на СЗО, Марија ван Керхо рече дека се потребни околу 30 студии за да се утврди како вирусот преминал од животните на луѓето. паг/  

Остани поврзан