• среда, 25 декември 2024

Меркел: Германците да не патуваат во земји со висок ризик

Меркел: Германците да не патуваат во земји со висок ризик
Берлин, 27 август 2020 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика граѓаните на земјата да не патуваат во земји и региони каде постои голем ризик од зараза со коронавирусот. - Се покажа дека несразмерно висок број на патници кои се враќаат (од подрачја со висок ризик) се тестирани позитивни, рече Меркел по средбата со регионалните министри посветена на новите рестриктивни мерки. Нов дигитален систем од октомври ќе го замени предавањето на документи во форма на хартија на летовите, со цел подобро да се следи движењето на повратниците и да се следи дали тие ги почитуваат обврските за карантин. Оние кои не ги почитуваат правилата, се соочуваат со големи парични казни. Меркел додаде дека задолжителното тестирање на аеродромите ќе продолжи, но додаде дека може да се скрати периодот од 14 дена карантин, доколку се обезбеди негативен тест, пет дена по слетувањето. јт/

Остани поврзан