• вторник, 24 декември 2024

Меркел: Германската влада врши притисок да му се обезбеди медицинска помош на Навални

Меркел: Германската влада врши притисок да му се обезбеди медицинска помош на Навални
Берлин, 20 април 2021 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази загриженост во врска со здравствената состојба на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.
„Германската влада, заедно со други, врши притисок да му се обезбеди соодветна медицинска помош“, рече Меркел пред Парламентарното собрание на Советот на Европа. Таа исто така ја оцени како многу алармантна групацијата на руски трупи на границата со Украина. Меркел рече дека е важно да се одржи дијалог на таа тема. паг/
 

Остани поврзан