• сабота, 28 декември 2024

Меркел во најновите мемоари го нарекува Заев храбар и решителен

Меркел во најновите мемоари го нарекува Заев храбар и решителен

Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во својата најнова книга „Слобода:Мемоари 1954-2021“ го споменува поранешниот премиер Зоран Заев како единствен државник од регионот. 

Во мемоарите, во кои пишува за својот приватен и професионален живот со фокус на периодот кога ја извршува функција канцелар, Меркел го опишува Заев како храбар и решителен. 

Германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франфуртер алгемајне цајтунг“ на платформата X напиша дека освен Заев, германската канцеларка не спомнува ниту еден друг политичар од Балканот. 

- Во писанието на Меркел, се спомнуваат многу државници од различни декади, но кога станува збор за регионот, единствен политичар од Балканот кого Меркел го спомнува е поранешниот македонски премиер Зоран Заев, напиша Мартенс.

Како што посоува Мартенс, во мемораите не се спомнуваат ниту српскиот претседател Александар Вучиќ, ниту премиерот на Албанија, Еди Рама, ниту Бојко Борисов, ниту поранешниот српски претседател Борис Тадиќ. бак/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан