• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мерино трансфер цел на Барселона

Мерино трансфер цел на Барселона


Барселона, 6 јуни 2024 (МИА) – Шпанскиот играч за врска Микел Мерино е трансфер цел на каталонскиот гигант Барселона, јавија денеска локалните медиуми.
Мерино (27) изминатата сезона забележа 45 настапи за Реал Сосиедад и постигна осум голови.
Неговата пазарна цена е 50 милиони евра, но договорот му истекува за една година и сè уште не постигнал договор со раководството на Реал Сосиедад за продолжување на соработката, пренесува весникот „Спорт“.
Според истиот извор, ова ги зголемува шансите на Барселона за евентуален трансфер на Мерино.
Мерино во својата кариера настапуваше и за Осасуна, Борусија Дортмунд и Њукасл. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан