Менди обвинет за уште еден, осми, случај на силување
- Менди досега беше обвинет седум случаи на силување, еден обид и еден сексуален напад, а за делата се товари од седум жени.
Лондон, 1 јуни 2022 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Бенжамен Менди, е обвинет за уште едно силување.
Менди досега беше обвинет седум случаи на силување, еден обид и еден сексуален напад, а за делата се товари од седум жени.
Францускиот фудбалер, кој пред две недели се изјасни дека не е виновен по сите точки од обвиненијата, сè уште не е известен за новото обвинение, и сè уште не одлучил за својата одбрана во овој случај.
Вкупно десетте обвиненија против 27-годишниот Менди се однесуваат на настани, кои наводно се случиле во неговиот дом во Престбери, во периодот од октомври 2018 до август 2021 година. ег/