• недела, 24 ноември 2024

Менди Мур му го честиташе новороденото дете на поранешното момче

Менди Мур му го честиташе новороденото дете на поранешното момче
Лос Анџелес, 22 февруари 2021 (МИА) - Глумицата Менди Мур му го честиташе новороденото дете на своето поранешно момче Вилмер Валдерама. Ѕвездата од ТВ-сериите „Од самрак до зори“ и „Луди ’70-ти“, и неговата свршеничка Аманда Пачеко минатата седмица добија ќеркичка. „Види го овој прекрасен ангел. Честитки за (тебе) и вашето прекрасно семејство и едвај чекам да ја запознаам неа!!“, напиша Мур како одговор на неговата објава на Инстаграм. Валдерама и Пачеко се свршија лани во јануари. Инаку, и самата Менди Мур е бремена со своето прво дете, со сопругот Тејлор Голдсмит.  си/сд/

Остани поврзан