• недела, 24 ноември 2024

Меморијална еколошка акција во гевгелиското село Негорци

Меморијална еколошка акција во гевгелиското село Негорци
Гевгелија, 22 февруари 2021(МИА)- Дворот на детската градинка во Негорци ќе го красат 38 јасенови дрвја што во чест и сеќавање на Игор Мицев, член на културно уметничкото друштво „Негорци“ кој почина на 38 години, беа засадени по иницијатива на негови сограѓани, пријатели и блиски роднини. Садниците ги обезбеди подружницата на Шумското стопанство „Кожуф“ од Гевгелија, а во акцијата учествуваа и претставници на локалната самоуправа од Гевгелија, предводени од градоначалникот Сашо Поцков. -Општина Гевгелија со ваквите акции, без разлика на поводот за нивно организирање, ќе продолжи и во иднина и секогаш ќе ги подржува бидејќи еден од нашите приоритети е да создадеме модерна, зелена и европска општина Гевгелија, изјави Поцков. Организатори на акцијата беа општина Гевгелија, јавното комунално претпријатие од Гевгелија и централната градинка „Детска радост“. им/свс/

Остани поврзан