• недела, 24 ноември 2024

Меморандум за соработка меѓу МТСП и ГИЗ за подобри услови за вработување на сезонски работници во Северна Македонија

Меморандум за соработка меѓу МТСП и ГИЗ за подобри услови за вработување на сезонски работници во Северна Македонија
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, директорот на ГИЗ за Северна Македонија Давид Оберхубер, ГИЗ проектна раководителка Амира Омановиќ и директорката на ЦРПМ Марија Ристевска денеска потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на проектот „Подобри услови за вработување на сезонски работници во Северна Македонија”. На потпишувањето присуствуваше и германската амбасадорка во Северна Македонија, Анке Холштајн. Со Меморандумот се очекува да се воспостави соработка за координирана имплементација на проектот за подобрување на условите за вработување на сезонски работници во Северна Македонија, со цел поддршка на развојот на законот како и воспоставување на електронски систем кој ќе служи како алатка за имплементација на законската рамка за поедноставени административни процедури за вработување на работници со привремена и сезонска работа во Републикава. -Потпишувањето на Меморандумот за соработка е уште една потврда за нашата посветеност кон формализирање на неформалната работа. Анализите покажуваат позитивен тренд во однос на намалувањето на неформалната економија во државата и верувам дека овој тренд ќе продолжи”, потенцираше министерката Тренчевска. Таа исто така истакна дека формализацијата на неформалната економија не е едноставна задача, туку комплексен и долгорочен процес кој бара истрајност и соработка од сите засегнати страни. Германската амбасадорка Холштајн потенцираше дека германската соработка ја препознава важноста на процесот за справување со неформалната економија во регионот на Западна Европа. - Напорите да се намали неформалната економија и невработеноста придонесуваат за одржлив економски развој и подобрување на условите за живеење. Се придонесува кон намалување на сирoмаштијата и подобрување на системот за социјална заштита, истакна Амбасадорката Холштајн. Во изминатите шест години, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) со поддршка од Германија, поддржува регулирање на неформалното вработување и реформи за сезонските работници во шест земји од Западен Балкан. Постигнати се резултати во однос на воведување на секторски закон за сезонски работници и воспоставување на cистем за електронска регистрација на сезонски работници во Србија. Земајќи ги предвид овие постигнувања и потенцијалот на сезонските работници во Северна Македонија, направена е детална анализа од страна на ЦРПМ со цел нудење на решение за регулирање на сезонската работа во земјоделството и електронски систем за регистрација на сезонски работници во земјоделството, како и угостителството, поддршка во домот, итн. Проектот за модернизација на општински услуги се имплементира од страна на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој во соработка со Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ). дма/са/

Остани поврзан