• сабота, 28 декември 2024

Меморандум за соработка меѓу МЖСПП и Факултетот за земјоделски науки и храна

Меморандум за соработка меѓу МЖСПП и Факултетот за земјоделски науки и храна

Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна при  УКИМ, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, потпишаа Меморандум за соработка.

Како што информира МЖСПП, соработката е во правец на поттикнување поинтензивно поврзување на земјоделските науки со заштитата и одржливото управување со животната средина, особено за прашањата поврзани со агробиодиверзитетот, промовирањето на агроеколошките мерки, влијанието на климатските промени.

Исто така, соработката ќе опфати и  размена на искуства, знаења и податоци заради исклучителната важност и меѓусебна поврзаност во надминување на предизвиците за обезбедување економски просперитет, но не на штета на биодиверзитетот, животната средина и човековото здравје.

-Договорена е соработка и поддршка во процесот на ратификација Протоколот од Нагоја за пристап до генетските ресурси и праведна и рамноправна распределба на придобивките што резултираат од нивното користење кон Конвенцијата за биолошка разновидност. За практикување и развивање на одржливи земјоделски практики што ќе ги следат климатските, економските, но и еколошките побарувања на денешницата, потребна е соодветна едукација, развиена свест и промена на воспоставени навики, но секако засновани врз научно потврдени факти, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. хс/аа/

Фото: МЖСПП

 

Остани поврзан