• недела, 24 ноември 2024

Мелони: Сурогат мајчинството е нехумано

Мелони: Сурогат мајчинството е нехумано

Рим, 12 април 2024 (МИА) – Премиерката на Италија, Џорџа Мелони изјави дека сурогат мајчинството е нехумано и оти би поддржала закон со кој оваа практика би станала универзално кривично дело.

- Сè уште верувам дека изнајмувањето матка е нехумано и ја поддржувам легислативата за ова да стане универзално кривично дело. Се надевам дека таков закон ќе стапи во сила што поскоро, наведе Мелони на средбата „За млада Европа - демографски промени, животна средина и иднина“.

Таа додаде дека јавната потрошувачка за поддршка на наталитетот „е корисна потрошувачка со многу висок мултипликатор и не може да се смета исто како и другите расходи во нашиот буџет“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан