• недела, 24 ноември 2024

Мелони освои убедливо мнозинство во Парламентот – конечни резултати од изборите во Италија

Мелони освои убедливо мнозинство во Парламентот – конечни резултати од изборите во Италија
Рим, 27 септември 2022 (МИА) - Италијанската крајнодесничарска партија „Италијански браќа“, предводена од Џорџа Мелони, освои 26 отсто од гласовите на изборите, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во Парламентот, покажуваат конечните изборни резултати објавени денеска. Нејзиниот сојузник Матео Салвини од Лигата освои 8,8 отсто од гласовите, додека Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони освои 8,1 отсто од гласовите во Долниот дом на Парламентот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Десничарскиот блок освои вкупно 43,8 отсто од гласовите, што значи дека ќе имаат 237 од 400 места во долниот Претставнички дом, додека во Сенатот ќе имаат 115 од 200 места, што значи  убедливо мнозинство. Левичарската Демократска партија (ДП) освои 19 отсто од гласовите. Таа партија заедно со помалата еколошка партија ќе има 84 места во Претставничкиот дом и 44 во Сенатот.
 

Остани поврзан