• сабота, 28 декември 2024

Мелони и Ал-Тани разговараа за формирање италијански воен логистички центар во Катар

Мелони и Ал-Тани разговараа за формирање италијански воен логистички центар во Катар

Рим, 21 октомври 2024 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во заедничко соопштение потпишано денеска за време на нивната средба во Рим наведуваат дека двете земји ќе го продлабочат воспоставувањето италијанскиот воен центар во Катар.

„Ја нагласуваме нашата посветеност за продлабочување на нашето стратешко партнерство по прашањата за одбраната, како на воено така и на индустриско ниво“, се вели во соопштението, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Мелони и Ал-Тани во заедничкото соопштение наведуваат дека особено, користејќи чести размени на посети и заеднички програми и активности за обука, изразуваат подготвеност да истражуваат нови начини на соработка, продолжувајќи ја дискусијата за воспоставување италијански воен логистички центар во Катар и промовирајќи ја координацијата на извозот во регионот. рп/

Фото: АНСА

Остани поврзан