• сабота, 09 ноември 2024

Мелони добила смртни закани заради договорот за мигранти со Албанија

Мелони добила смртни закани заради договорот за мигранти со Албанија

Рим, 31 октомври 2024 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека добила смртни закани од трговци со луѓе поради договорот за мигранти со Албанија, јавија денеска италијанските медиуми.

Мелони вчеравечер за телевизијата Раи1 изјави дека останува посветена на договорот со Албанија, бидејќи тоа е „ефикасно решение за управување со мигрантските текови“.

-Првите смртни закани пристигнаа затоа што потпишав протокол за соработка со Албанија за имиграцијата. Ќе направам се оваа соработка да донесе опипливи резултати, рече Мелони.

Целта на италијанската Влада, според неа, е центрите за мигранти во Албанија да функционираат на начин што го почитува меѓународното право, но предупреди дека центрите ќе „создадат сериозни проблеми“ за трговците со луѓе кои и се заканувале со смрт.

Како што наведе, одлуката на судот во Болоња да побара од судот на ЕУ да го поништи декретот на римската влада за безбедни земји за мигрантите „повеќе личи на пропаганден памфлет отколку на судски документ“. Таа заклучи дека овие напади и противењето на опозицијата во Брисел се „агресивна реакција“ на тоа што, како што наведе, функционирањето на стратегијата на италијанската Влада.

Мелони додаде дека и покрај противењето, пристигнувањата се намалени за 60 отсто, додека репатријацијата е зголемена за 30 отсто. Откако првата група мигранти беше префрлена од Италија во миграциските центри во Албанија, опфатени со договорот Рим-Тирана, со одлука на судот во Рим тие беа вратени во Италија.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан