Мелони во посета на Кина со цел да ја подобри трговијата со Пекинг
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони од 26 до 31 јули ќе ја посети Кина што ќе биде нејзино прво службено патување по преземањето на функцијата.
Рим, 24 јули 2024 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони од 26 до 31 јули ќе ја посети Кина што ќе биде нејзино прво службено патување по преземањето на функцијата.
Мелони, која ги гледа кинеските инвестиции како начин за поттикнување на економскиот раст на Италија, се очекува да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг и премиерот Ли Чијанг.
Италијанскиот производител на гуми Пирели, енергетската групација ЕНИ, одбранбената групација Леонардо, производителите на вина и неколку италијански луксузни модни брендови, меѓу кои и Долче и Габана, се меѓу компаниите поканети на италијанско-кинескиот бизнис форум што ќе се одржи во Пекинг в недела и понеделник за време на посетата на Мелони. јт/
Фото: giorgiameloni.it