• среда, 25 декември 2024

Меланија Трамп: Треба да се преброи секој легален глас

Меланија Трамп: Треба да се преброи секој легален глас
Вашингтон, 8 ноември 2020 (МИА) - Се уште актуелната американска прва дама, Меланија Трамп, откако од вчера веќе е јасно дека нејзиниот сопруг Доналд Трамп ги загуби изборите, денеска за првпат се изјасни за резултатот од изборите, повторувајќи го ставот на нејзиниот сопруг дека треба да се пребори секој легално даден глас. "Американскиот народ заслужува фер избори. Секој легитимен глас, а не нелегален, треба да се смета. Ние мора да ја заштитиме нашата демократија со целосна транспарентност", напиша таа на Твитер. Американската телевизија Си-Ен-Ен, претходно, повикувајќи се на неименуван и добро информиран извор, јави дека таа приватно му кажала на сопругот дека треба да го прифати поразот. сд/.  

Остани поврзан