• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Меланија Трамп се врати во Белата куќа по четири недели отсуство

Меланија Трамп се врати во Белата куќа по четири недели отсуство

Вашингтон, 23 февруари 2025 (МИА) - Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска се врати во Вашингтон по четиринеделно отсуство, за да присуствува на годишната свечена вечера и приемот на државните гувернери.

Настанот се одржа во Источната соба на Белата куќа, каде што Меланија Трамп седеше на маса украсена со вазни полни со бели хортензии и лалиња, пренесува Си-Ен-Ен.

- Таа вложи многу труд за сè да изгледа прекрасно. И навистина е одлична во тоа, изјави претседателот Доналд Трамп пред собраните гувернери.

Според медиумските извештаи, Меланија Трамп ќе поминува уште помалку време во Вашингтон од планираното, а се очекува поголем дел од времето да минува меѓу Њујорк, каде што нивниот син Барон студира, и Флорида. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан