• четврток, 26 декември 2024

Меланија Трамп го прослави 50. роденден

Меланија Трамп го прослави 50. роденден
Вашингтон, 27 април 2020 (МИА) - Сопругата на претседателот на САД, првата дама Меланија Трамп вчера го прослави 50-от роденден. По тој повод, популарната ФЛОТУС (Твитер-кратенка за „First Lady of the United States“), доби честитка и од својот сопруг, претседателот Доналд Трамп. Тој на Твитер напиша: „Среќен роденден, Меланија - нашата сјајна прва дама!" Како што се очекуваше, тие овој ден го минаа дома, како и повеќето Американци - поради пандемијата на новиот коронавирус. Таа на здравствените работници и децата во болниците во 10 сојузни држави во четвртокот им испрати подарок пакети - како што самата рече, „како мал знак на благодарност за нивната храброст и пожртвуваност во време на коронавирусот". Инаку, Меланија Трамп, како прва дама, ја промовира својата „Би-Бест“ (Биди најдобар) кампања против злоупотреба и вознемирување на интернет.  си/ми/

Остани поврзан