• сабота, 28 декември 2024

Мексико одби да формира транзитни центри за мигранти финансирани од САД

Мексико одби да формира транзитни центри за мигранти финансирани од САД

Мексико Сити, 11 октомври 2023 (МИА) - Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор синоќа соопшти дека го одбил барањето на САД за формирање транзитни центри за мигранти во Мексико, каде што би можеле да аплицираат за американски работни и бегалски визи. 

Обрадор рече дека таквите центри треба да се формираат во земјите од каде што доаѓаат мигрантите, и покрај фактот што значителен број мигранти кои влегуваат во САД доаѓаат од Мексико.

Тој додаде дека ќе го покрене ова прашање на состанокот на латиноамериканските лидери на кој  домаќин подоцна овој месец ќе биде Мексико, сугерирајќи дека земјите би можеле да се договорат за заеднички план за такви локации.

Средбата треба да се одржи во Паленке на југот на Мексико. Меѓу оние кои се очекува да присуствуваат се Еквадор, Колумбија, Венецуела, Ел Салвадор, Хондурас, Гватемала, Хаити, Куба, Костарика, Панама и Белизе.

Во Гватемала се формирани транзитни центри за мигранти финансирани од САД за да примаат апликации од луѓе со потекло од Централна Америка кои бараат работни визи, обединување на семејството или статус на бегалци.

Центарот е дел од поголема миграциска стратегија чија цел е да се намали големиот број мигранти од Латинска Америка и Карибите во САД. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан