• сабота, 23 ноември 2024

Мексиканскиот Сенат го усвои предлогот за „неспорни“ уставни реформи

Мексиканскиот Сенат го усвои предлогот за „неспорни“ уставни реформи

Мексико Сити, 25 октомври 2024 (МИА) – Сенатот на Мексико денеска усвои предлог кој подразбира дека уставните реформи се „неспорни“, откако Врховниот суд претходно ја оспори реформата во судството.

Владејачката партија Морено има мнозинство во Сенатот, како и во Долниот дом, каде што ќе се гласа за предлогот.

Во септември Конгресот усвои реформа во судството, која предвидува сите судии да се избираат со гласање. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан