• недела, 24 ноември 2024

Меконел подготвен за договор со демократите во Сенатот

Меконел подготвен за договор со демократите во Сенатот
Вашингтон, 26 јануари 2021 (МИА) - Мич Меконел, републиканскиот лидер во американскиот Сенат, рече дека ќе го поддржи договорот за поделба на власта со демократите откако републиканците и демократите имаат еднаков број претставници, по 50, што е можно да ја блокира работата на законодавниот дом. Како што пренесуваат странските агенции, Чак Шумер, лидерот на демократите и Меконел имаат спротивни ставови во врска со барањето на републиканците - демократите да ветат дека ќе ја заштитат работата на ова тело од тактиката „филибастер“, за што е потребно мнозинство од 60 гласа во Сенатот. Правилата на Сенатот дозволуваат кој било член или група сенатори да зборуваат колку што е потребно за некое прашање. Единствениот начин да се стави крај на дебатата е да се повика на „затворање“ или гласање на 60 члена, без кои „филибастерот“ може да трае без крај. паг/

Остани поврзан