• среда, 25 декември 2024

МекКеон хероина во базен: Апсолутната владетелка во грбен стил испиша историјата на ОИ 

МекКеон хероина во базен: Апсолутната владетелка во грбен стил испиша историјата на ОИ 

Париз, 3 август 2024 (МИА) - Францускиот пливач Леон Маршан го израмни рекордот на својот ментор Мајкл Фелпс со четири златни медали во поединечна конкуренција, но апсолутна хероина во базенот на Олимписките игри во Париз е – Кајли МекКеон.

Австралијката (23) е владетелка во грбен стил, единствената во историјата која успеала да ги одбрани олимписките златни медали (од Токио) на 100 и 200 метри на две последователни Олимписки игри. Со овие дисциплини владее и на големите натпреварувања, бидејќи и на Светското првенство во Фукуока освои две злата во споменатите дисциплини. За да ја комплетираме сликата за моќта на 23-годишната пливачка од Мелбурн, ќе додадеме дека таа е светска шампионка на 100 и 200 метри од Бирмингем во 25-метарски базени.

Заедно со ова доаѓаат и светските рекорди, а таа ги постави во сите дисциплини во кои се натпреварува: нејзиното време на 50 метри грбно е 26,86 секунди, на 100 метри е 57,33 секунди и на 200 метри е 2:03.14 минути. Во Париз го спои светскиот и олимпискиот рекорд на 100 метри.

Таа освои три злата и една бронза во Токио, две злата во Париз, а штафетната трка 4х100 мешано ја очекува по што ќе може да го одбрани и тоа злато. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан