• недела, 24 ноември 2024

Мекиќ: Очекувам победа над Швајцарија која ќе нé однесе во следната фаза

Мекиќ: Очекувам победа над Швајцарија која ќе нé однесе во следната фаза
Скопје, 16 август 2021(МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ, посакува на вечерашниот меч од мундијалските претквалификации со Швајцарија, да биде пресликана играта од дуелот со Словачка на кој црвено-жолтите забележаа убедлив триумф. -На првиот натпревар (против Швајцарија) влеговме со голема доза на нервоза бидејќи имаме домашен терен, но и млади и неискусни играчи во ростерот. Иако не бевме свои на тој меч, успеавме да се избориме за пристоен пораз кој нема ништо да значи ако денеска се поправиме и дојдеме до победа која ќе нé однесе во следната фаза. Во вториот меч (со Словачка) влеговме многу посигурни и со поголема самодоверба што резултираше со убедлива победа. Мислам дека тој натпревар ни е од големо значење бидејќи видовме дека сме поквалитетни во однос на другите две репрезентации. Така очекувам да играме и вечерва и да дојдеме до триумфот, изјави Мекиќ. Средбата ќе се игра од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. зс/

Остани поврзан