• недела, 24 ноември 2024

Мекиќ: И во Левице можеме да ја победиме Словачка

Мекиќ: И во Левице можеме да ја победиме Словачка

Скопје, 23 февруари 2023 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ е оптимист пред двата последни натпревара во претквалификациската фаза за Евробаскет 2025. Првата пречка е Словачка, потоа следи гостување кај Норвешка.

- Можеме да го повториме резултатот од Скопје со Словачка. На ова гостување дојдовме со перфектен скор, тука секако веќе ни припаѓа и улогата на фаворит. Атмосферата во тимот е одлична, ситуацијата е таква што ни треба победа на еден меч за да обезбедиме сигурно прво место и пласман во понатамошната фаза. Тренираме добро, немавме голем период да се подготвиме, меѓутоа повеќето играчи се знаеме, тука е и Ти-Џеј Шортс кој е огромно засилување за нас, тоа го покажа претходно. Одиме на победа и на позитивен исход, кој ќе ни ја донесе следната фаза, изјави Мекиќ.

Натпреварот ќе се игра вечер од 18 часот, во Левице.

„Црвено-жолтите“ досега имаат максимални четири победи во Д-групата. зс/

Остани поврзан