• четврток, 26 декември 2024

Мекинро: Ѓоковиќ ќе биде „лошото момче“ до крајот на својата кариера

Мекинро: Ѓоковиќ ќе биде „лошото момче“ до крајот на својата кариера
Њујорк, 7 септември 2020 (МИА) - Освојувачот на седум Гренд-слем титули, Џон Мекинро (САД), изјави дека по синоќешното дисквалификација од УС Опен, Новак Ѓоковиќ е веќе „лошото момче“ на тенисот. Експертот за „Еуроспорт“, познат по насилниот темперамент и остриот јазик, рече дека не очекувал таков чин од Србинот, особено во ситуација кога тој е очигледен фаворит. - Притисокот му дојде премногу. Ѓоковиќ ќе биде „лошото момче“ до крајот на својата кариера, сакал тој или не. Ако ја прифати оваа улога, мислам дека ќе може да се опорави. Многу се случи околу него во последните месеци, но она што се случи синоќа е дамка што Новак нема да може да ја избрише, изјави популарниот „Биг Мек“ за „ЕСПН“. Според Мекинро, важно за него во моментот е точно како ќе се справи со оваа ситуација, каква ќе биде реакцијата кон него од помладите играчи, како и од навивачите, кога ќе почнат да се враќаат на терените. - Изненаден сум што Новак направи нешто толку глупаво во ситуација кога беше очигледен фаворит. Тој едноставно се распадна. Да, тој изгуби сервис гем, тоа нервира, но што толку се случи?, рече американската легенда. Однесувањето на Србинот по мечот исто така не му се допадна на „тенискиот комесар“. - Треба да бидете маж и да преземете одговорност за своите постапки. Она што се случи беше целосно нелогично за мене. Во минатото многупати сме виделе како Ѓоковиќ ја презема одговорноста кога грешеше. Сега, сепак, неговото однесување по натпреварот само ги влоши работите. Што ако се извини на социјалните мрежи? Тоа не е доволно“, рече четирикратниот шампион на УС Опен.

Тагови

Остани поврзан